Активисти се населија во многу слободни домови во Берлин во знак на протест против нејасните принципи за формирање на цените на кириите во овој град, јави ДПА.

Портпаролот на активистите изјави дека десетици илјади луѓе во градот се бездомници, а луѓето одделуваат сė поголем дел од своите приходи за да ги платат кириите.

– Незаконски е домовите да стојат празни, сметаат активистите.

Полицијата вчера потврди дека најмалку осум станбени блокови се погодени од акцијата во квартовите Кројцберг, Нојклојн и Фридрихсшајн.

Во соопштението на активистите се вели дека тие се залагаат за „отворен некомерцијализиран простор” и за „самоуправа во станбен простор” во 40 апартмани и канцеларија во југоисточниот кварт Нојклојн. Тие истакнуваат дека ова е „крајна интервенција против принципот на шпекулативна неактивност”.