АД Електрани на Македонија соопшти дека откако ги задоволиле потребите на Универзалниот снабдувач за електрична енергија за тарифните потрошувачи, продолжиле со производство и со продажба на електрична енергија на слободниот пазар.

Како што истакна Васко Ковачевски, ЕСМ продале вкупно 110.640 МWh енергија и притоа оствариле приход од 4.890.875 евра.

– Повеќе од половината од продадена електрична енергија е за третиот квартал, значи јули, август и септември, по просечна цена од 44.37 Eur/MWh, цената на HUPEX берзата во тој момент беше 43.40 Eur/MWh. Останатиот дел од енергијата е продаден за јули по просечна цена од 43.55 Еуr/MWh, (цената на HUPEX во тој момент беше 42.13 Eur/MWh). Исто така, АД ЕСМ продаде и 11.040 МWh електрична енергија за загубите на ЕВН Електродистрибуција за третиот квартал, по цена од 43.89 Еur/MWh (цената на HUPEX беше 43.84 Eur/MWh). Остварениот приход од оваа продажба е 484.545 евра – вели Ковачевски.

Наведените податоци покажуваат дека при продажбите се постигнати цени повисоки од берзанските и е остварен вкупен приход од 5.375.421 евро.

М.М.