Њујорк со свој индекс ќе му конкурира на лондонскиот ЛИБОР индекс

439

Њујоршките Федерални Резерви (ФЕД) денеска почнува со редовно објавување на СОФР индексот, просечна каматна стапка за зајмење меѓу банките, со која Њујорк се надева да го замени лондонскиот ЛИБОР индекс.

ЛИБОР се објавува секој работен ден од страна на Томсон Ројтерс, и во него се претставени просечните каматни стапки за позајмување меѓу банките, претставени во пет валути и во седум рокови за отплата на заемите. Овој индекс им овозможува на банките да можат да ја планираат својата долгорочна политика.

Банките во Њујорк, сепак, подолго време инсистираат на воведување на нов индекс кој ќе биде базиран во САД, со цел да се избегне ризикот од евентуален престанок на објавувањето на ЛИБОР индексот.

Њујоршките банки го обвинуваат ЛИБОР индексот за непредвидливост и променливост, и најавуваат дека СОФР индексот ќе биде заснован на голем број трансакции за подобро да се отсликаат односите на банкарскиот пазар.