Штрајк на германските аеродроми, откажани повеќе од 800 летови на Луфтханза

891

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк.

Како што вчера соопшти синдикатот, денеска ќе биде организиран штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт, како и на аеродромот во Минхен.

Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација.

Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени во јавниот сектор.