Штети од град кај лозјата и кај овошките

540

Прексиноќешното невреме проследено со град што го зафати тиквешкиот регион предизвика штети кај лозовите и кај овошните насади во селата Паликура и Курија.
– Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Им се препорачува на лозарите по градот да ги третираат лозјата со бакарни средства за да се излекуваат раните врз ластарите во лозјата – кажа Драган Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Тој додаде дека штетите дополнително ќе се утврдуваат и потсети дека сѐ уште важи мерката со која државата им помага на земјоделците и плаќа 60 отсто при осигурување на имотите.
– Лозарите што немаат прва заштита да го направат тоа со системска заштита бидејќи последните врнежи ќе придонесат кон појава на знаци на болеста пламеница кај лозјата – советува Николов.