Царовска: Компаниите да работат за достоинството на своите вработени

43

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се обрати на конференција реализирана во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружението Конект и бизнис-конфедерација.

-Навистина ми е драго што го отворате ова прашање и што се размислува на дијалог за почитувањето на човековите права во спроведувањето на бизнисот. И со ЗРО и со Законот за заштита од дискриминација и со Законот за еднакви можности на жените и мажите се регулира почитувањето на човековите права, но тоа е она што го овозможува државата. Етичкиот кодекс се остава на компаниите коишто треба да ги обезбедат потребните услови за работа и да работат за достоинството на своите вработени и нивната лојалност, истакна Царовска.

Целта на конференцијата е поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права. Настанот е организиран во соработка со Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија.