„Хеленик петролеум“ преговара со Владата за решавање на спорот во кој бара над 32 милиони долари

229

Грчката компанија „Хеленик петролеиум“ соопшти дека води разговори со македонската Влада и дека се отворени за изнаоѓање спогодбено решение за спорот, поради кој минатата година поднесе тужба во Меѓународниот суд против Република  Македонија и по кој бара отштета 32,6 милиони долари.

Според Џорџ Алексопулос, еден од менаџерите на компанијата, групацијата „Хеленик петролеум“ покрена арбитражна постапка пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари отштета, што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек.

Во однос на прашањето што се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, Алексопулос вели дека имаат контакти со македонската Влада во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од преспанскиот договор.