Форд ќе го зголеми производството на „Линколн“ во Кина до 2022 година

716

Автомобилската компанија Форд денеска најави дека до 2022 година ќе го зголеми производството на автомобили во Кина под брендот „Линколн“ со уште пет нови модели.

Најавата доаѓа откако Кина, во рамките на трговските преговори со САД, соопшти дека ќе ги подобри условите за присуство на странски автомобилски компании на нејзиниот пазар.

Планот на Форд подразбира и претставување на сосем ново теренско возило кое ќе се произведува во Кина. Некои од брендовите кои ќе се произведуваат се Линколн Авијатор, потоа крос-оверот МКЦ и седанот МКЗ.

Освен производство во кинеските фабрики, Форд годишно извезува околу 80.000 возила од фабриките во Северна Америка во Кина.