Форд укинува 12 илјади работни места

124

Американскиот производител на автомобили „Форд” соопшти дека ќе укине 12 илјади работни места во Европа, како дел од плановите за реструктуирање. Во соопштението се наведува дека работните места ќе бидат укинати главно преку доброволни програми до крајот на идната година.

„Форд“ претходно најави продажба или затворање на шест погони во Европа. Компанијата го намалува бројот на погони на 18 за да ја реорганизира работата во три одделенија – комерцијални возила, патнички автомобили и увоз на модели како ,,мустанг”.