УЈП: За два дена над 27 илјади барања за финансиска поддршка

68

Управата за јавни приходи информира дека заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавците и самовработените лица се поднесени вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај 2020 г.
– За мерката – финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица, од кои 4.064 барања се прифатени. За мерката – финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020 г. образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании, од кои 16.610 барања се прифатени.

За мерката – субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании, од кои 1.909 барања се прифатени – се наведува во соопштението на УЈП.
Од Управата истакнуваат дека мерките се реални и се остваруваат, поради што ги советуваат компаниите да поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.