Угостителите доставија барања за помош до Владата и рок за нивно исполнување

97
фото: Игор Бансколиев

Независната угостителска комора (НУК) достави барања до Владата за креирање на мерки за помош на угостителите и рок за нивно исполнување до понеделник.

Угостителите бараат континуитет во помошта, односно безусловна субвенција за сите вработени во угостителството додека важат ограничувањата со протоколите за работа, грант за сите угостители, безусловна достапност до кредити, изедначување на ДДВ за угостителски услуги и одлагање и репрограмирање на извршните постапки врз угостителите и угостителската индустрија.

– Ги потсетуваме и министрите и Владата дека од сите индустрии кои добија поддршка и помош од постојните сет економски мерки, само за угостителската индустрија континуирано се носат препораки и протоколи пропратени со ограничувања за работно време со што не само што се нанесува директна материјална штета туку страда и пати целокупната угостителска индустрија заедно со сите вработени во неа – се вели во соопштението на НУК.