Турски тeк најважен за европската енергетска безбедност

150

Нуклеарната електрана Акуја и гасоводот Турски тек ќе станат едни од најважните компоненти за регионална и европска енергетска безбедност, изјави рускиот претседател на денешната заедничка прес-конференција со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Путин истакна дека и двата проекти се во согласност со највисоките стандарди за животната средина и технологијата.

Тој додаде дека електраната ќе почне со работа во 2023 година на 100-тиот роденден на Турција, додека гасоводот ќе биде оперативен до крајот на годината.

– Во иднина, по експанзијата на Турскиот тек и конструкцијата на вториот крак, гасот ќе се транспортира до Европа- посочи Путин.

Акуја ќе биде прва нуклеарната електрана во Турција, а проектот е имплементиран врз основа на Договорот потпишан во мај 2010 година помеѓу владите на Русија и на Турција.

Проектот Турски тeк е гасовод кој поминува под дното на Црно Море и европскиот дел на Турција до границата со Грција. Првиот дел од проектот ќе ги задоволи барањата на турскиот пазар, додека со вториот крак рускиот гас ќе пристигне до Јужна и Југоисточна Европа.

„Газпром“ како потенцијален пазар ги гледа Грција, Бугарија, Србија и Унгарија.