Тојота и Панасоник заеднички ќе прават батерија за електрични возила

177

Јапонските компании Тојота Мотор и Панасоник од идната година ќе се здружат за да произведуваат батерии за електрични возила за да им конкурираат на кинеските ривали, тврдат јапонските медиуми.

Во заедничкиот потфат Тојота ќе има 51 отсто удел додека 49 отсто Панасоник. Со тој план, би се обезбедувале батерии и за партнерите на Тојота, Мазда и Субару.

Заедничкото вложување е врз темел на договор од крајот на 2017 година за заеднички развој на батерии со во кои ќе може да се складира поголема количина на енергија. Двете компании можно е да најават план за заедничко вложување уште оваа недела, јавуваат јапонски медиуми.