Тест возење со новиот Пежо 508 и нов продажно-сервисен салон

55

На 13 март автомобилските експерти од земјава имаа можност да го тестираат радикалниот лав – Новиот „Пежо 508“.

Еуроимпекс, во улога на генерален увзозник го претстави најновиот модел во гамата во 4 различни верзии, различни мотори и ниво на опременост:

1. Peugeot 508 Allure 2.0BlueHDI 160 EAT8
2. Peugeot 508 Allure 1.6PureTech 180 EAT8
3. Peugeot 508 GT-line 2.0BlueHDI 180 EAT8
4. Peugeot 508 GT 1.6PureTech 225 EAT8

Присутните лица на тест возењето имаа можност да се запознаат одблиску со моќните перформанси на овие мотори и да ги истестираат на асвалтот.

Новиот „Пежо 508“ се покажа како одличен домаќин и ги потврди очекувањата. Со својата ниска каросерија и прецизно извајани линии, новите моќни мотори, вратите без рамки, најновите безбедносни системи, новиот 8-степен автоматски менувач и многу други дополнителни елементи во опремата со кои ова возило претставува предвесник на една нова ера, ера на нова технологија, на автономност и на современ дизајн.

Новиот „Пежо 508“ е достапен во салоните на Еуроимпекс и сите заинтересирани можат да закажат тест возење на следниов линк.

Во склоп на патувањето, од Еуроимпекс имаа уште една новост, официјално претставување на новиот продажно- сервисен салон „365 Ауто“ во Битола.

Томислав Нафидов, Регионалниот директор на продажба во Еуроимпекс истакна дека работат на проширување на дилерската мрежа со цел постигнување на уште подобри резултати во периодот кој следи.

-Имено со отворањето на нашата нова дилерска точка, очекуваме значително зголемување на бројот на продадени возила во југозападниот дел од земјава и веруваме во успешна соработка од двете страни – посочи Нафидов.

Сопственикот на компанијата 365 Ауто Тони Коминовски вели дека компанијата Алфа Припс Дооел стопанисува веќе 10 години и најпрво започнале како такси компанија.

-Започнавме како такси компанија, за да се прошириме како рент а кар агенција, а од пред 3 години и продажба на автоделови и сервисирање на возила. Работејќи со изнајмување на возила и такси дејност имавме можност да ги запознаеме многу добро речиси сите брендови на возила, но „Пежо“ е брендот кој максимално не воодушеви во секој поглед: беспрекорен квалитет, современ дизајн, повратна вредност и пост-продажна услуга. Тоа резултираше со потпишување на договор со ЕУРОИМПЕКС, на кој сме многу горди и отварање на продажно-сервисен салон од 100 м2 за PEUGEOT возила во Битола и регионот – посочи Коминовски.

Новиот продажно – сервисен салон се наоѓа на Ул Ѓорче Петров број 33, Битола. Секој корисник на возило „Пежо“ може да се обрати на оваа локација.