Тесла повлекува 123.000 возила поради грешка

153

Компанијата Тесла повлекува 123.000 возила од најпродаваниот Модел С поради проблем со управувачкиот механизам, соопшти денеска производителот на овие електрични возила.

Повлекувањето на автомобилите, најголемо што до сега го изведе компанијата на милијардерот Елон Маск, се однесува на моделите на луксузни седани произведени пред април 2016 година.

Тесла утврди дека во постудени климатски услови завртките на управувачкиот механизам многу брзо рѓосуваат, заради што управувањето со возилото станува потешко.

Компанијата, исто така, соопшти дека нема никаква опасност за возачите и дека слободно можат да продолжат со управување на возилото. Засега нема информации за несреќи или повреди кои би можеле да се поврзат со регистрираниот проблем.

Во вторникот акциите на Тесла забележаа голем пад откако американската влада објави дека ја истражува минатонеделната сообраќајка со фатални последици во која учествуваше нивниот Модел Икс СУВ.