Тевдовски: Ќе се опремуваат училишта, студентски домови, факултети, а не кабинети на функционери

147

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Министерството за финансии појасни дека средствата во Предлог-буџетот предвидени за набавка на мебел не се однесуваат на мебел во кабинетите на министрите, туку за опремување на училишта, студентски домови, факултети, полициски станици, гранични премини, прифатни центри…

Коментирајќи ги пишувањата во медиумите, Тевдовски истакна дека и во ставката наменета за возила не се планирани средства за комфор на функционерите, туку за набавка на возила во здравството, судството и инспекциските служби за да може тие да ги извршуваат своите редовни обврски.

Прашан дали се предвидени средства во Предлог-буџетот доколку се одржат предвремени парламентарни избори, Тевдовски со став дека се предвидени средства за она што следува, а тоа се претседателските избори.