Тевдовски ја осуди најавата за замрзнување на прогресивниот данок

189

Ексминистерот за финансии, Драган Тевдовски, се огласи со реакција на својот профил на Фејсбук по денешната одлука на Владата да го стави прогресивниот данок во мирување во наредните три години.

-Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ – напиша Тевдовски.