Тевдовски: Намалување на каматата и забрзувањето на проектите ќе ја раздвижат економијата

274

Намалувањето на основната каматна стапка од страна на Народната банка на Република Македонија, заедно со забрзување на проектите од страна на државата според министерот за финансии Драган Тевдовски ќе придонесе кон развдижување на економијата и остварување на проектираните стапки.

-НБРМ е независна институција, но она што е наш приоритет тоа е да се зајакнат можностите за приватнито сектор да се развива, односно да има поевтини извори на кредитирање, подобра деловна клима, а одлуката на НБРМ од вчера е чекор во таа насока- изјави министерот одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договорите за втората фаза од Ветерниот парк Богданци.

Според него, важно е што во вториот и третиот квартал имаме движење на економијата кое се базира пред се на приватниот сектор, што, како што рече, не беше така многу години наназад каде економијата беше движена поради државната интевенција и државните вложувња. -Сега, исткана, гледаме дека во вториот и третиот квартал приватниот сектор ја движи економијата и тоа е одлично и заедно со забрзување на проектите од страна на државата што веќе почнуваат и ќе се движат  во следната година  ние можеме да очекуваме економски раст како што проектираме, истакна Тевдовски.

Тој посочи дека веќе дојде до намалување на каматите, особено за бизниси што имаат подобри кредитни истории и добиваат каматни стапкик пониски од три проценти, што, како што оцени, не се случувало во Македонија и оти тоа е добро и тоа ќе ја движи економијата.

За тоа дали очекува банките да ги намалат каматите, истакна, дека тоа секако е деловна политика на банките и додаде дека и во Министерството за финансии се преземени чекори со цел да се овозможат повеќе средства за приватниот сектор преку намалување на каматните стапки на хартиите од вредност што ги издава МФ.

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ вчера донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,50 проценти. НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 проценти поени и во август годинава.