Тевдовски: Капиталните инвестиции се ниски поради наталожените проблеми од минатата власт

101

Капиталните инвестиции се ниски, но сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења, истакна вечерва министерот за финансии Драган Тевдосвски во интервју за телевизија Канал 5 коментирајќи го проектираниот раст на Бруто домашниот производ за 2018 година од 3,2 проценти.

– Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 отсто, трговијата е 10 проценти потоа кредитирањети има солидна стапка на раст, инфлацијата е стабилна, а странските директни инвестиции во првиот квартал се на рекордно највисоко ниво од 233 милиони евра или повисоки во еден квартал годинава од цела 2017 година, истакна Теввдосвски.

Според вака поставените фундаменти, министерот рече дека Македонија може да очекува да има адекватен раст.

Во однос на ниските капиталните инвестиции, Тевдоски истакна дека се прави притисок до сите институции да ги интезивираат таквите инвестиции. Тој рече дека се затекнати многу наталожените проблеми од минатата власт кои, според него, оваа година ќе се решават и нагласи дека е оптимист дека ќе се инезивираат инвестициите, а растот ќе биде задоволувачки.