Тарифата на извршителите ќе се намали од 1.000 на 300 евра

239
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Новиот тарифник што го предлага Министерството за правда, а треба да се најде на владин дневен ред в петок, предвидува наградата за извршителите да не биде поголема од 300 евра наместо досегашните 1.000 евра. Исто така, од ресорното Министерство предлагаат и да има репрограмирање на долговите на граѓаните, отпис на каматите и да се намали извршувањето врз пригодите од една третина на една петина. Како што ни потврдија од Министерството, предлогот ќе се најде на владина расправа в петок.

Инаку, извршителите остро негодуваат на овој предлог и се закануваат со штрајк бидејќи нивната работа нема да била исплатлива и се закануваат дека ќе ги затворат канцелариите.

Притисокот да се постигне правичност во извршувањето интензивно почна пред две години кога здруженијата на граѓани, борци за социјлна правда, јавно се спротивставија на Комората на извршителите пријавувајќи случаи во кои се гледаа астрономските разлики во основицата на долгот и каматите што ги плаќале граѓаните.

Неодамна Комората на извршителите на прес-конференција најави отворен ден со граѓаните за наводно да имаат увид во случаите и да им помогнат на граѓаните да ги отплатат долговите.