С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер Лајф

126

Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер Лајф.

С-ПЛАН е одлична комбинација на ненаменски потрошувачки кредит и полиса за мешовито животно осигурување, која им овозможува на клиентите да ги исполнат своите планови и желби,  и воедно да бидат заштитени од несакани последици или настани во периодот на отплата на кредитот. Како уникатен бенефит за клиентите е полисата за животно осигурување, која им обезбедува заштеден износ по целосната исплата на кредитот.

 Во понудата на ненаменскиот кредит С-ПЛАН се опфатени најконкурентните услови за потрошувачки кредит:

  Износ од 300.000 до 610.000 денари

  Рок на отплата до 10 години

  Фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,8% за првите ДВЕ години

  Промотивно без провизија за одобрување на кредитот

  Вклучена полиса за мешовито животно осигурување од Винер Лајф

Со овој производ Шпаркасе Банка и Винер Лајф ја претставуваат својата успешна соработка и заложба за креирање иновативни производи, комбинација на кредитен производ и полиса за мешовито животно осигурување. Новиот и уникатен ненаменски потрошувачки кредит им дава сигурност на клиентите во текот на отплатата на кредитот, додека износот во форма на заштеда претставува одличен бонус за решавање на нивните идни потреби и остварување нови планови и желби.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд.

Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.