Стопанска банка АД – Скопје в сабота ќе ги отвори сите филијали за исплата на пензиите на шалтер

332

Стопанска банка АД – Скопје денеска ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички и притоа клиентите ќе можат веднаш да ги користат средствата во трговија или на банкомати, додека исплата на шалтер ќе биде возможна од сабота.

Притоа во сабота за разлика од другите банки, Стопанска банка АД – Скопје ќе ги отвори сите свои 55 филијали со работно време од 9 до 13.30 часот за да се овозможи клиентите да располагаат со средствата, а притоа да бидат заштитени од непотребни метежи кои се опасни за колективното здравје.