Станете дел од големото семејство на Саудија ерлајнс

2961

Една од најголемите авиокомпании во светот регрутира кандидати од Македонија

Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, и една од топ 5 најголеми авиокомании во светот, Saudia Airlines, објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија. Saudia Airlines, која во 2017 година е избрана за „Најподобрената авиокомпанија“, сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим.

Исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток, како и целосно наместено и климатизирано сместување што следува за идните вработени.

Погледнете повеќе на следниот линк: 

https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/389594/Flight-Attendants/ и доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до 16 септември 2019 на [email protected] приложувајќи CV, 2 фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), копија од завршен курс по англиски, скениран пасош или лична карта.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) што ќе се одржи во Скопје, а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на Saudia Airlines, кое исто така ќе се одржи во Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават до 16. септември на е-маил: [email protected]

Saudia Airlines се основани во 1945 година и е национална компанија на Кралството Саудиска Арабија, чија флота од 149 авиони лета до повеќе од 80 светски дестинации. Компанијата е составена од меѓународни професионалци и вработува луѓе од повеќе од 50 земји.