Со „Mапа на културата“ го запознаваме Лесновскиот манастир

53

Еуролинк осигурување во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, петта година по ред ја организира добропознатата активност насловена како „Мапа на културата“.

Во изминатите години ги посетивме и ги слушнавме тајните преданија за културните и археолошки локалитети во нашата држава, и по Стоби, Хераклеја, Градот на конзулите – Битола, Бигорскиот манастир, познатото мијачко село Галичник, патувањето го продолжуваме на 15 километри од Пробиштип на југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од 870 метри, каде што е распослано едно од најубавите села во Република Македонија, селото Лесново, познато по надалеку прочуениот Лесновски манастир. Лесновскиот манастир е еден од најубавите и најзначајните византиски споменици на Балканот и еден од најимпресивните и културнозначајните манастири кај нас.

Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Лесновo и да ги слушнат преданијата од монасите за настанување на Лесновскиот манастир. Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, може да се пријават од денес, 12.9.2018 година, на следната електронска адреса, со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Првите 150 пријавени кандидати ќе ја имаат можноста за учество во еднодневната екскурзија.

Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот.

Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 22.9.2018 година (сабота) со поаѓање во 9:00 часот, на паркингот кај Дрво декор.