Со неколку клика до семејно здравствено осигурување од Еуролинк

94

Дигиталната ера ни овозможи дел од обврските да ги решаваме без физичко присуство, со помош на нашите смарт-уреди, што ни заштедува голем дел од нашето време, оставајќи ни можност да се посветиме и на другите важни секојдневни обврски.

Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за онлајн купување полиса за приватно семејно здравствено осигурување – уникатен производ кој овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Македонија и во Европа. Целта на Еуролинк е да го доближи дополнителното здравствено осигурување до што поголем број граѓани кои ќе можат самите да одлучат каков вид на здравствени бенефиции ќе си обезбедат. Со комбинирање на нови технологии и експертиза од стручни лица, овозможен е лесен пристап до приватно семејно здравствено осигурување и можност за самостојна процена на здравствена состојба, без потреба од прегледи и чекање.

Процесот на купување е едноставен, во три чекори. Во првиот чекор се обезбедуваат основните лични податоци, во вториот чекор е проценката на здравствената состојба за осигуреникот и семејството, а во третиот чекор е потврдата на осигурувањето и наплатата. Достапна е и телефонска поддршка 24/7 и можност за навремено реагирање во секој дел од денот. Во интернет-продавницата и на веб-страницата на Еуролинк ќе
ги најдете сите потребни информации за придобивките од осигурувањето, месечната премија и условите за осигурување.

Приватното семејно здравствено осигурување нуди три различни пакети – Старт, Комфор и Премиум. Во промотивниот период до 15 ноември, граѓаните имаат можност да купат онлајн-полиса за приватно семејното здравствено осигурување со попуст од 5% на основниот пакет.

Посетете ја интернет-продавницата, пополнете прашалник и самите уверете се колку е лесно да обезбедите приватно здравствено осигурување за Вашето семејство: http://www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp