Словенија бара 5.000 сезонски работници од земјите во регионот

428

Словенечките туристички работници во пресрет на туристичката сезона имаат потреба од 5.000 работници од земјите од регионот.

Вработување на странски готвачи, келнери и слични занимања во словенечкиот туризам ќе биде потребно и за наредните години, бидејќи домашниот кадар е преоптоварен, а нивниот синдикат веќе со години се жали на ниските плати и високите даноци за прекувремено работење.

По четири години континуиран туристички раст, Словенија лани имаше 4,7 милиони туристички доаѓања и 11,9 милиони ноќевања.