Се зголемува цената на бензините

85
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 ден/лит. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит. Според одлуката на Регулаторната комисија, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.08.2020 година.

Од 01.09.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,531 (денари/килограм)