Сериозни превирања во институтот на сметководители на Македонија ИСОС

1560

Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) го тресат нови скандали и превирања откако во органите кои го управуваат, неодамна државата утврдила дека има непотизам, нетранспарентна постапка за нивниот избор, неправилности во работењето и сл. Oва го тврди група од педесетина сметководители и овластени сметководители членови на истоимениот институт ИСОС.

Како што информираат тие по одржувањето на последното собрание на 03.05.2018 година на кое според нив биле изманипулирани повеќе од присутните сметководители и овластени сметководители од досегашното раководство, односно собранието се одржало зад затворени врати и каде донесени некои сомнителни одлуки при тоа не земајки ги во предвид записниците и одлуките за кои се гласиле и подружниците согласно ЗВСР, претседателката Ленче Папазовска иако на денот на собранието си поднела оставка таа се уште е одговорно лице согласно податоците во тековната состојба на институтот ИСОС.

– Надзорниот одбор се уште нема превземено мерки за нејзина промена согласно ЗВСР земајки предвид при тоа да добие позитивно мислење од страна на министерството за финансии и распишување на јавен оглас. Надзорниот одбор досега два пати го разрешува управниот одбор за што и до ден денеска немаме позитивно мислење од министерството за финасии. Од тука произлегува дека истите членови имаат легитимна функција како членови на управниот одбор иако надзорниот одбор вели дека истите се разрешени од нивна стрaна – вели Александра Андреева овластен сметководител.

Во меѓувреме, дел од сметководителите деновиве се жалат дека „привремените“ органи кои се организатори на седницата на собрание закажана на 10.09.2018 година в понеделник не им даваат на обичните членови – сметководители и овластените сметководители да присустувааат на закажаното според нив нелегитимно собрание во просторииите на скопскиот „Хотел Порта“ на кое пак треба надзорниот одбор на „Институтот“ со избрани членови вон закон и статут на (ИСОС) да избира ново раководно тело на органот како и да се гласа за акти за КПУ и финансиски план.

– Поради сите овие причини се повикуваат сметководителите и овластените сметководители да го изразиме нашето незадоволство по мирен пат, со мирен протест пред местото на закажаното нелегитимно за нас собрание и ги повикуваме надлежните институции посебно министерството за финансии да почне да делува согласно законите како и да дојде до итно менување на законот за вршење на сметководствени работи, се наведува во соопштението до медиумите на групата од сметководители и овластени сметководители на Македонија објавено на нивниот сајт.

Инаку, проблемите во функционирањето на „Институтот“ како што тврди групата на сметководители и овластени сметководители почнале од самото формирање во јули 2016 година, а во 2017 година, пак сите проблеми според нив биле потврдени со надзорот што го направило министерството за финансии од каде биле констатирани дури и низа неправилности, нетранспарентност во формирањето и пропусти во постапките. Во исто време групата на сметководители се жали дека во време кога треба да се подготвуваат завршните сметки тие се оптоварени со дополнителни обврски кон „Институтот“ оти секојдневно се лобира за нов претседател непочитувајки го притоа законот. Дел од нив алармираат дека има и незаконско работење и дека и тоа е дел од скандалите со кој се соочува институтот на сметководители.