Самостојните вршители на дејност три месеци ќе добиваат по 17.410 денари државна помош

234

На својата 15-та седница Владата денеска го утврди текстот на предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

– Целта на овој предлог-закон е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност – се наведува во соопштението на владината прес-служба.