Русите доминантни инвеститори во Црна Гора

258

Во Црна Гора најголемиот процент – 20,2 проценти од странските компании се руски, покажуваат податоците на црногорскиот Институт за статистика Монстат.

Но, и покрај толкавиот процент на руски бизнисмени, од 2015 година бројот на руски фирми постојано се намалува. Во 2013 година, 32,4 отсто од странските инвеститори биле Руси, следната година – 38,1 проценти, додека во 2015 – 32, во 2016 – 26,7 и во 2017 година – 20,2 отсто.

На второ место се српските бизнисмени – 19,1 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека се намалува и бројот на бизнисмени од Босна и Херцеговина, Италија, Кина и Украина.

– Од година во година забележан е раст на бројот на фирмите, сопственост на турски физички или правнии лица. Во 2017 година 8,7 проценти од вкупниот број странски инвеститори биле Турци – се посочува во анализата на Монстат.

Најголемиот број странски фирми седиште имаат во Подгорица (35 проценти), потоа следат Будва (20,7), Бар (13,6) и Херцег Нови (9,2 отсто). Во Будва, Херцег Нови и Тиват најголемиот број странски фирми се руски, а српските и италијанските компании воглавно имаат седиште во Подгорица.