РЕК „Осломеј“ повторно во погон

904

По петмесечна пауза, од ноќеска повторно во погон ќе биде ставен РЕК „Осломеј“ . Со залихите на јаглен што ги обезбеди од својот рудник, комбинатот ќе може непречено да работи во наредните две-три недели. И покрај недостатокот на неопходниот енергенс, РЕК-от на крајот од минатата и почетокот на оваа календарска година, два месеца веќе беше во погон .

– Откако обезбедивме околу 60.000 тони од сопствениот коп за јаглен, ноќеска ќе влеземе во погон и ако се земат во предвид залихите на јаглен на депонија, ќе може да работиме во наредните 2-3 недели. Јагленот не е со најдобар квалитет, има повисоки примеси на глина, и за да можеме да обезбедиме непречена работа со поголем капацитет на електраната, ќе мора да користиме и мазут. Инаку, јагленот добиен од нашиот коп не чини само шест евра за еден тон и таа е најниска можна цена, а причина е немањето потреба да се изврши отстранување на откривка, што е задолжителна фаза во секој рудник за јаглен, каде што се врши експлоатација од површински коп – истакнаа од РЕК „Осломеј“. З.А.