Протести против поскапување на струјата во повеќе градови

145
фото: Игор Бансколиев

Почна протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга, а главниот се одвива во Скопје.
Протестот во Скопје почна од 18 часот од паркот во Чаир и Жена Парк, а маршот продолжи до Влада.

При изразувањето на незадоволството се бара укинување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на електричната енергија од 7,4 отсто и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.
Ова е втор протест, откако првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.