Просечната плата во јуни 24.203 денари, забележала раст од 6,1 отсто

207

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен  за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7 отсто и преработувачка индустрија за 14,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување  за 14 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна 11,3 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за три отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2018 изнесува 35.530 денари.