Просечната плата во јануари 24 илјади денари

113

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани, објави Државниот завод за статистика.

Растот се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 37,3 отсто, рударство и вадење на камен за 20,3 проценти и земјоделство, шумарство и рибарство за 12,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација (31,4 отсто), рударство и вадење на камен (10,1 отсто) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,3 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јануари 2018 година изнесува 35.225 денари.