Промовирана мобилна лабораторија за испитување на хемиски вредности во нафтените деривати

305

Денес беше промовирана мобилна лабораторија за испитување на хемиски вредности во нафитените деривати и 13 возила за борба против сивата економија.

На настанот учествуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека ова е дополнителна мерка на дополнителна грижа за квалитетот на горивата и за квалитетот на услугите кон граѓаните, презела мерки за ад хок-мониторинг на контролата на квалитетот на нафтените деривати.

– Мобилната лабораторија ќе биде опремена според највисоките стандарди, со софистицирани инструменти кои ќе мерат 9 карактеристики на нафтените горива, ќе овозможи на лице место, на терен, да се провери квалитетот на горивата и дали се тие согласно пропишаните стандарди – посочи Заев додавајќи дека оваа нова активност на Бирото за метрологија, кое ќе ја менаџира работата на современата мобилна лабораторија, претставува чекор напред во поглед на заштита на потрошувачите.

Покрај премиерот Заев, изјава дадоа и министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски и директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи, кои ја истакнаа важноста на оваа набавка во борбата против сивата економија и овозможување граѓаните да ја добиваат секогаш најквалитетната услуга, а на институциите им се овозможува непречена работа со тоа што од сега ваквиот вид на испитувања ќе ги вршат во државата, а не надвор од земјата.