Производителите на канабис под итно бараат закон за опојни дроги

179

Здружението за одгледување на медицински канабис „Макканабис“ бара итно враќање на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, поради, како што велат, големите количини сув цвет од канабис што се во залиха кај најголемиот дел лиценцирани компании.

Законскиот застапник на здружението Костадин Дуковски ја нагласи итноста на законот, наведувајќи примери за регулација, каков што е случајот во Грција, Малта, Португалија и во Шпанија.

Тој посочи дека повеќе македонски и странски компании влoжиле над 150 милиони евра во бизнисот кој вработува околу 800 луѓе.

Дуковски апелираше законот да биде донесен итно, поради ризикот од големи загуби за компаниите во случај доколку не го извезат цветот од канабис.