Произведено милионитото возило Пежо 2008 во Мулхаус

219

По шест години од лансирање на моделот Пежо 2008 SUV, PSA Group во фабриката во Мулхаус го произведе милионитото возило.

Пежо 2008 во моментов е произведен на три континенти, во Европа, Кина и Латинска Америка, но неговата приказна започна во 2013 година во Мулхаус, местото каде што се произведува и кое денес го слави производството на милионитото возило. Од самото лансирање Пежо 2008 ја носи ознаката „Origine France Garantie” заедно со 62 проценти од компонентите кои се произведени во Франција.

Произведен во повеќе од 1.210.250 примероци ширум светот, Пежо 2008 брзо ги освои купувачите во сите земји каде што се продава. Рангирајќи се помеѓу првите три модели во B-SUV сегментот во 30 европски земји, тој продолжува да биде голем успех.

Во Мулхаус, секој ден произведуваат по 780 примероци на 2008, а резултатот за целата 2018 година е вкупно 193.000 примероци. Жан-Филип Импарато, главниот извршен директор на брендот, ги предаде клучевите од милионитото Пежо 2008 – бела Crossway PureTech 130 S&S со 6-степен мануелен менувач – на г-ѓа C. Jung која е лојален клиент на PSA Ratail.