Прекувремената работа не е добра за здравјето

154
Фото: Игор Бансколиев

Многу работници сметаат дека околината ќе ги доживее како недоволно посветени ако први го напуштат работното место. Според многу истражувања, апсолутно нема полза од прекувремената работа бидејќи тоа носи штета не само за работата туку и за социјалниот и менталниот живот на работникот, како и за неговото здравје.

Студиите покажале дека по одреден момент работните часови стануваат сè помалку продуктивни. Поточно, секој дополнителен час во канцеларијата е помалку продуктивен од претходниот и носи послаби резултати. Од тие причини на многу работни места како резултат на трудот се мери продуктивноста, а не работните саати и воопшто не им е грижа дали работите час или два помалку додека работата ја вршите квалитетно.

Дополнителното работното време резултира со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, замор, ниско ниво на енергија и лошо здравје.
Истражувањето спроведено на три континента открило дека луѓето што работат повеќе од 55 часа неделно имаат 33 отсто поголем ризик од мозочен удар во споредба со луѓето што работат под 40 часа неделно. Исто така, според оваа студија, вработените што работат прекувремено имаат 13 отсто поголем ризик од коронарни болести на срцето.