Расте цената на горивата

215

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 односно за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, и со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,5 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 72,5 денари за литар.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се зголемат за 1 денар, и со тоа новата цена на дизелот ќе изнесува 62 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство – 51,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,342 денари на 36,081 денари за килограм.