Поскапуваат бензините

93
Фото: Игор Бансколиев

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 70 денари за литар.

Цената на дизелот ќе остане 62 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар на 51 денар за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 денари на 33,344 денари за килограм.