Поскапуваат бензините и дизелот

1277

Малопродажните цени на горивата од утре се зголемуваат од еден до два денара.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, цената на Еуросупер БС – 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар и ќе биде 63 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе изнесува 71,50, односно 52 денара.

Се зголемува и цената на мазутот за 2,1 денар за килограм. Новата цена ќе изнесува 32,13 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 51,30 денари.