Пораст на бројот на работници во индустријата

56

Бројот на работниците во индустријата во август годинава во однос на август лани бележи пораст од 5,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,9 отсто, во секторот преработувачка индустрија пораст од 5,7 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,7 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија, за 8,3 отсто, капитални производи за 21,5 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и кај енергија за 0,4 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, бележи пораст од 7,2 отсто.