Пазарната вредност на Амазон над илјада милијарди долари

30

Американската платформа за онлајн трговија, Амазон надмина пазарна вредност од илјада милијарди долари со што стана втората американска компанија која достигнала толкава вредност.

Технолошкиот гигант Епл, со чии акции се тргува на берзата, на 2 август стана прва компанија во светот чија пазарна капитализација достигна илјада милијарди долари. Причината за таквиот успех на Епл, според „Њујорк тајмс“, е едноставна бидјеќи станува збор за компанија што произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат големи суми пари.

Сега Амазон, чиј основач и извршен директор Џеф Безос е „тежок“ колку и Бил Гејтс и Ворен Бафет, е втора американска компанија што ја надмина таа линија.

Амазон зема по 49 центи од секој долар потрошен во е-трговија во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и годишно генерира приходи во висина од 178 милијарди долари.