Отворен новиот продажен салон, инженеринг и сервисен центар на „Енергија“ ДОО

143

„Енергија“ продолжи да ја шири својата продажна мрежа во Скопје, а овојпат на ред
беше нов продажен салон во населба Визбегово на површина од 1.400 метри квадратни. Суштината на овој продажен салон е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава. По продажниот дел, следи и сервисен дел, кој исто така е опремен по стандардите на компанијата што е и воедно единствениот центар во Македонија за топлински пумпи, чилери, VRF/Multi системи и инвертер клима-уреди. „Енергија“ ДОО е единствен официјален дистрибутер на светските лидери за климатизација Toshiba, Carrier и Haier за Македонија.

Ова е втор продажен салон на компанијата, кој е комплетно опремен со сервисен центар за Toshiba, Carrier, Haier сo четири сервисни станици за испитување на системи, има можност за симулација на работа на чилери/топлински пумпи, инвертер клима-уреди, VRF системи и е единствен сертифициран сервис за Toshiba, Carrier, Haier за Македонија. Компанијата располага со стручни лица/машински инженери кои го советуваат секој корисник според индивидуалните потреби при набавка на опрема за разни решенија.

На свеченото отворање и забавата приредена од сопствениците на компанијата, присуствуваа голем дел од нивните соработници, клиенти, пријатели и семејствата. Соптвеницте заедно со претставници од најголемите компании со кои соработуваат
како Кристијан Фитц, претставник на Toshiba и одговорен за Југоисточна Европа, Григорис Констас, претставник на Carrier за Југоисточна Европа и Ивица Станковиќ, одговорен за Haier во Јадранскиот регион, ги поздравија гостите и им се заблагодарија
за довербата, лојалноста и поддршката во секое поле од работењето сите овие 14 години од нивното постоење. Во одлично расположение за коешто се погрижи бендот „South Park“ сите присутни го прославија почетокот на оваа нова етапа на „Енергија“ ДОО.

„Енергија“ ДОО е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење
„Енергија“ континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес „Енергија“ е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност, компанија која се води од потребите на клиентите.
Располага со опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), топлински пумпи, вентилаторски конвектори (fancoil), клима комори, клима уреди итн. Дејноста на компанијата опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн.