Отворање на новиот трговски центар Лиса

651

Во населбата Ново Лисиче, општина Аеродром денеска официјално ќе започне со работа новиот трговски центар Лиса на површина од 4200м2.

Лиса центарот претставува модерен концепт кој ги задоволува сите потреби на урбаното живеење, и на едно место ги обединува купувањето и забавата преку понуда на различни содржини. Центарот располага и со сопствен подземен паркинг простор за 50 места.

Во центарот Лиса, покрај добропознатите членови на семејството Тинекс, како Супер Тинекс маркет, Cosmo дрогерија, ресторан Daily, Tinex ToGo и Tinex Home се наоѓа и најновиот член на семејството- игротеката Big Bang, како и други продавници со кои се нуди комплетна услуга и понуда за посетителите.

Трговскиот комплекс се состои од приземје и прв кат. На приземјето од центарот се лоцирани Супер Тинекс маркетот и Tinex To Go. Новиот Супер Тинекс претставува еден од најголемите и најдобро опремените маркети на Тинекс, со модерен и уникатен ентериер, уреден според светските трендови. Со површина од 1000м2, маркетот располага со современ оддел за свежо овошје и зеленчук, оддел за готови јадења, пекара, месарница и винарија, со асортиман од над 15.000 производи. Tinex To Go е уникатен концепт на кафетерија и е одлично место за краток одмор и уживање во вкусни сендвичи, салати, десерти, кафе и пијалоци подготвени од најквалитетни свежи состојки.

На првиот кат се наоѓа продажниот простор во кој се наоѓаат Cosmo дрогеријата и Tinex Home, кој претставува уникатен спој на убавината и уредувањето на домот, Ресторанот Daily Food&Wine и игротеката Big Bang, која претставува најсовремено опремената игротека во регионот. Инспирација за ентериерот на игротеката е вселената и во истата се достапни повеќе катчиња за забава и рекреација, како караоке шоу, ласер таг, видео игри, детски работилници, најактуелните реквизити за забава.

Дополнително, во склоп на центарот се наоѓаат и аптека Галениум Фарм, продавница за долна облека Bonatti, бутик за детска облека Wenice, продавница за играчки Теа Тоу Store и оптика Призма.

По повод отворањето на центарот Лиса, во текот на викендот беа организирани голем број на промоции, акции, наградни игри и други промотивни активности за посетителите, кои ќе продолжат и во следниот период.

Овој трговски копмпекс претставува инвестиција вредна над 4 милиони денари, а со неговото отворање беа обезбедени над 100 нови работни места. Трговскито центар Лиса преку своите содржини ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните на општина Аеродром и околните населби.