Оманскиот министер за нафта очекува цената на нафтата да биде 30 до 40 долари за барел

146

Цената на нафтата може да биде околу 30 до 40 долари за барел во последниот квартал од оваа година, изјави министерот за нафта на Оман, Мохамед ал Руми, за весникот „Ал Ватан“.

– Враќањето на растот на цената на нафтата зависи од многу фактори, вклучувајќи го и суспендираното ширење на коронавирусот и можноста ОПЕК да се врати на преговарачката маса и да се договори за стабилизација на пазарот и за намалување на производството на нафта, така што цените на нафтата во последната четвртина од оваа година може да варира меѓу 30 и 40 долари за барел – рече Ал Руми.

Цените на нафтата се преполовија од почетокот на март поради очекуваниот пад во побарувачката по распадот на договорот за намалување на производството на нафта и во услови на избувнување на пандемијата на Ковид-19.

Откако државите на ОПЕК  не успеаја да се договорат за натамошно намалување на производството, аналитичарите на пазарот почнаа да предвидуваат „војна на цените“ меѓу главните извозници.