Од ноќеска на полноќ поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

102
Фото: Игор Бансколиев

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука, од ноќеска на полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат. Еден литар од ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 70 денари, додека еден литар дизел – 62 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар на 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 денари за килограм на 33,694 денари.