Обилните врнежи на дожд и снег го отежнаa работењето на РЕК „Битола“

178

Обилните врнежи од дожд и снег во битолскиот регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК „Битола“, а со тоа и врз целиот Комбинат.

Врнежите од над 100 литри на метар квадратен и надојдената вода, предизвикаа застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот од рудникот „Суводол“ до Термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот.

АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, од хидроелектраните и од ветерниот парк.

Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја.  Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира.

АД ЕСМ и Подружница РЕК „Битола“ во духот на транспарентноста која ја практикуваат изминатите три години, известија за сериозноста на состојбите предизвикани од елементарната непогода во рудниците „Суводол“ и Брод – Гнеотино во РЕК 2Битола“ минатата година. Исто како тогаш, така и сега, со сопствени, натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на Комбинатот, се работи деноноќно
на нормализирање на состојбата.

– Во услови кога Косово, делови од Србија, Романија се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија предизвикани од временските неприлики, македонскиот електроенергетски систем е стабилен. Ги повикуваме сите чинители, а особено политичките партии во земјава, да не создаваат страв и паника меѓу
граѓаните. Актуелните раководства на АД ЕСМ и на РЕК „Битола“ секојдневно решаваат проблеми што, за жал, и ден денес имаат длабоки корени во времето кога електроенергетскиот гигант беше раководен од структури кои пристапуваа несериозно и неодговорно кон електроенергетскиот систем. АД ЕСМ, како и претходно, така и сега се справува и со последните предизвици, и го одржува електроенергетскиот
систем на државата стабилен – се вели во соопштението на АД ЕСМ. М.М.