Обезбедени средства за проширување на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир

114

Владата, во соработка со ЈП за државни патишта, ќе го реализира проектот за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир.

 – Со оваа инвестиција се планира рехабилитација и проширување на патната делница со две коловозни ленти во колосек со три ленти, рехабилитација на еден коловоз со две ленти и рехабилитација на еден коловоз со три коловозни ленти со вкупна должина од 13 километри. Патната делница Крива Паланка – Деве Баир е дел од источниот Пан-европски патен коридор VIII, па со тоа придобивките од реализацијата на проектот би биле не само од национален, туку и од регионален интерес,  потенцираше министерот за финансии Драган Тевдовски. 

Во собраниска процедура влезе Предлог на Законот за гаранција на РМ на обвските по Договорот за заем за финансирање на оваа патна делница. Договорот за заем ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта.

За реализација на овој проект преку ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра. Дополнително се очекува во декември 2018 година да биде официјално одобрен и инвестициски грант во износ од 2,62 милиони евра од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан.