Нов пад на цените на бензините

194

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во прoсек за 9,18 отсто во однос на досегашните цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Во согласност со новото намалување, од денеска еуросупер 98 ќе се продава по цена од 52 денари за литар, додека еуросупер 95 за 49,50 денари за литар. Дизелот ќе чини 45,50 денари за литар, додека пак екстра-лесното масло 34,50 денари за литар.
– Ова се моменти што во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со ковид-19 донесе силни намалувања на цените и кај нас.

Континуираното темпо на силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно откога Регулаторната комисија има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати. Сакам да истакнам дека единствено РКЕ е надлежна за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и за нив секој понеделник носи одлука. Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата што од позиции во институциите шират шпекулации за цените на нафтените деривати пред да се објават официјално. Упатувам апел во оваа вонредна состојба сите да сме одговорни. Секоја шпекулација може да се одрази врз економските текови, кои се хиперсензитивни во овој период – посочи претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.